РАСЧИСТЕНО УБИСТВОТО НА ТУРЧИНОТ ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈА Убиецот е уапсен во Косово, ќе се бара екстрадиција

1,789

Полицијата го расчисти убиството што се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што со остар предмет беше убиен турскиот државјанин А.М.Д.(22), а Ч.Е.(23) од Турција со жителство во германскиот град Есен, беше повреден.

Врз основа на обезбедените докази, Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово бидејќи постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.






Во рамките на преземените дејствија јавен обвинител нареди обдукција на убиенио, биле подигнати траги за вештачење, биле извршени разговори со повеќе лица, а биле обезбедени и снимки од видео надзор преку кои била извршена идентификација на осомничениот.

М.Т. на критичната ноќ во кафе бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и со Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и во срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на самото место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот.

Органите на прогонот добиле информации дека осомничениот М.Т. се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од страна на косовските органи.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор во отсуство врз основа на кој веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција.

Поврзани содржини