РАСЧИСТЕН ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА Уапсен 54-годишниот скопјанец кој го скрши стаклото

Инцидентот се случил вчера, а осомничениот бил приведен денеска по полициска потрага во центарот на Скопје.

619

Полицијата го приведе 54-годишниот Ш.А. од Скопје, осомничен дека го оштетил стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Инцидентот се случил вчера, а по пријавата, полициски екипи започнале потрага по сторителот. Денеска напладне, околу 12:40 часот, осомничениот бил пронајден и уапсен на улицата Кирил и Методиј во центарот на Скопје.






Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за мотивите на инцидентот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

🎥 ПОГЛЕДНЕТЕ КАКОВ СТРАШЕН НАПАД ВРЗ БУГАРСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ Опасен хулиган свиткал џам

Поврзани содржини