Раперот симнат од апаратите за дишење, откако се предозирал

1,217

Американскиот рапер ДМХ е симнат од апаратите за одржување во живот по срцевиот удар, објави неговиот адвокат, додавајќи дека не знае дали станува збор за предозирање.

Американските медиуми вчера објавија дека славниот рапер доживеал инфаркт како последица на предозирањето.






Мареј Ричман за американските медиуми изјави дека сè уште е загрижен за животот на 50-годишната хип-хоп ѕвезда со вистинското име Ерл Симонс.

– ДМХ во моментот е во болница, хоспитализиран е поради срцев удар. Тој е тргнат од апаратите за одржување во живот и дише самостојно. Но, ние сме загрижени – изјавил Ричман за медиумите, додавајќи дека не знае дали медиумите точно објавиле дека станува збор за предозирање.

ДМХ страдал од астма уште од детството и претходно бил хоспитализиран поради други здравствени проблеми, како и поради зависност од крек.

Раперот бил хоспитализиран во февруари 2016 година, откако се онесвестил на паркинг во хотел, за што подоцна рече дека тоа се случило како резултат на астмата.

Пораснат во Њујорк, ДМХ потпишал договор со „Колумбија рекордс“ во 1992 година и соработувал со познати рапери како Џеј Зи, Џа Рул и ЛЛ Кул Џеј.

Тој исто така глумел во филмови како „Ромео мора да умре“ и „Од лулка до гроб“. Неговите најголеми хитови се „Party Up (Up In Here)“ и „X Gon ‘Give It to Ya“.

Поврзани содржини