Раперот чија песна има 1,7 милијарди прегледи е уапсен за убиство на роднина ВИДЕО

505

Aмериканскиот рапер Рики Хок (23), попознат по неговото уметничко име Силенто, е уапсен под сомнение дека минатиот месец го убил својот братучед со истрел од пиштол, пренесува ET Oнлајн.

Полициската управа во округот Декалб соопшти дека го уапсила проблематичниот рапер откако го поврзала со убиството врз основа на низа докази.






„Денес, Рики Хок (23) беше уапсен за убиство на неговиот братучед Фредерик Рукс (34)“, се вели во соопштението.

„Рукс беше пронајден мртов со прострелна рана“, додаваат тие.

Ова не е првпат Силенто да биде уапсен. Тој беше уапсен во август минатата година под обвинение за семејно насилство, а подоцна истата година повторно беше уапсен откако влегол во незаклучен дом на непознати луѓе и ги нападнал со оружје.

Раперот е најпознат по неговиот голем хит „Watch Me (Whip/Nae Nae)“, кој е прегледан 1,7 милијарди пати на Јутјуб, а кој беше проследен со голема танцувачка треска веднаш по објавувањето. Кореографијата од видеото стана многу популарна и многумина го имитираа и објавија снимки од танцот на социјалните мрежи.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини