РАПЕР БЛИЗОК ДО ПУТИН ОТВОРИ РУСКИ СТАРБАКС „Старс Кафе“ ќе се служи во дуќаните од кои си замина западната фирма

Сликата од жена сирена која сите ја знаат сега е заменета со иста таква која носи руски кокошник – традиционален фустан.

1,426

„Старс Кафе“ ќе биде новиот руски пандан на „Старбакс“ и ќе се служи во 130 дуќани кои компанијата по 15 години работа ги напушти поради војната во Украина, пишува Гардијан, напоменувајќи дека газдата е рускиот рапер Тимати, јавен поддржувач на Путин. За време на отворањето во центарот на Москва, беше откриено новото лого на кафулето. Сликата од жена сирена која сите ја знаат сега е заменета со иста таква која носи руски кокошник – традиционален фустан.

 






Раперот Тимати, чие вистинско име е Тимур Јунусов, е гласен поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, како и пријател на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Во 2015 година, раперот објави песна со наслов „Мојот најдобар пријател е Владимир Пути“н, која го опишува претседателот како „супер херој“. Тимати стои и зад провладината песна наречена „Москва“, во која се фали дека главниот град на Русија „не одржува геј паради“.

Песната стана видео со најмногу негативни реакции во историјата на рускиот Јутуб.

Иаку, „Старбакс“ не е прв американски бренд да биде „русифициран“ во војната. Сличен беше примерот со „МекДоналдс“ кој стана „Вујко Вања“, а логото со познатото „М“ беше превртено за да стане „В“. Познато е дека Русите се навлечени на МекДондалс уште од првите години на падот на комунизмот, кога компанијата влегува во Русија.

Поврзани содржини