РАНО Е ДА СЕ УКИНАТ СЕРТИФИКАТИТЕ Засега не се размислува за задолжителна вакцинација
Во врска со вакцинацијата од Комисијата велат дека не е разговарано за воведување на задолжителна вакцина, туку со зголемување на кампањата да порасне и интересот на граѓаните да бидат имунизирани.
Сè уште е рано да се укинат сертификатите, вели портпаролот на Комисијата на заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ, затоа што Македонија е многу далеку од земјите кај кои процентот на вакцинирани е преку 80 проценти, а кај нас оваа бројка е застаната на околу 40 отсто.
– Во фаза сме на широка трансмисија на вирусот имаме голем број на новозаразени. Укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движењето на граѓани во затворен простор, може да предизвика поголема трансмисија на вирусот, затоа што сертификатот има своја тежина ги штитат они кои не можат да ги имаат, а не зборуваме за лажните – вели Мехмедовиќ.
Во врска со вакцинацијата од Комисијата велат дека не е разговарано за воведување на задолжителна вакцина, туку со зголемување на кампањата да порасне и интересот на граѓаните да бидат имунизирани.
– Разговаравме за тоа како да се поттикне вакцинацијата и да имаме централизирана кампања, па така да се обидеме на граѓаните да им ги објасниме користа од вакцината. Исто така се размислува и за таргет групи, пред сè оние кои имаат сериозни придружни болести, кои дополнително со ковид-19 ја влошува здравствената состојба кај овие лица. Се работи доста на ова поле со цел значително да се зголеми бројот на имунизирани лица – рече портпаролот.
Во однос на извештајот кој беше презентиран од Институтот за јавно здравје каде е направена анализа на сите случаи на хоспитализација и смрт од ковид-19 во периодот од 1 до 31 јануари за 2022 година, претседателот на Комисијата Александар Петличковски вели оти тој имал за цел да ги потврди ризиците за смрт и хоспоталицација не само по однос вакциниран, туку колку време поминало после вакцинацијата.
– И ако по таа основа сметаме повеќе од шест месеци поминато време, ефикасноста на вакцината не е истата со три месеци после вакцинацијата, затоа се издвоени во таа анализа и тие податоци, вели тој додавајќи дека 97 отсто се намалува ризикот за смрт и 91 отсто рзикот од хоспиталицација ако вакцината е примена во последните три месеци, или доколку се работи за вклучена трета доза – рече тој.
Петличковски кажа дека во светот за заокружен циклус на вакцинација се однесува или на три дози или на две дози со прележаност, а трите дози даваат 95 отсто гаранција за заштита од смрт.
Во однос дали Комисијата размислува за ограничување на сертификатите за втората доза, по примерот на ЕУ, Петличковски одговори потврдно.
– Јасно ни е дека треба да се движиме накај трета доза. Во Англија, на пример, над 65 проценти од населението, имаат примено трета доза. Кај нас тој процент е околу пет. Значи тука имаме дупка и нашиот фокус е таа дупка е да ја пополниме. И таму ќе се насочиме, да стимулираме, поттикнуваме вакцинација со трета доза – вели Петличковски.
Мехмедовиќ, пак, на истотот прашање одговори оти направиле куса анализа за тоа како системот тоа би можел да го поддржи.
– Ова како предлог треба да се искомуницира со јавноста и да се види како тоа ќе биде прифатено, меѓутоа, во основа медицинското укажување е дека треба да има ограничување на таа втора доза на вакцинација – рече Мехмедовиќ.