РАНИЛ БРАЧЕН ПАР САКАЈЌИ ДА ГИ ОГРАБИ Влегол со пиштол во продавница, полицијата брзо го фатила
Напаѓачот бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица.
Охриѓанец е лишен од слобода откако се обидел да ограби продавница во Струмичко и при тоа со пиштол пукал и ранил две лица, соопшти полицијата.
Денеска (10.09.2024) околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С. (45) од село Долно Лакочереј, Охридско. Тој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, Струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46).
Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури. По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.