РАНИ СИМПТОМИ НА РАК ШТО ГИ ИГНОРИРААТ И ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ Обрнете внимание на необични, нови и необјаснети симптоми
Голем број луѓе ги игнорираат раните знаци на рак, ќе се пожалат на нестручни лица, пријатели и роднини и одат на лекар само кога работата ќе стане многу сериозна.
Препознајте ги првите знаци и навреме побарајте помош, бидејќи онколозите изразуваат загриженост дека поради помалиот број превентивни и редовни прегледи поради пандемијата, бројот на заболени од рак може значително да се зголеми. Важно е да не се игнорираат необични, нови и необјаснети симптоми. Иако можат да бидат предизвикани и од помалку опасни болести, доколку продолжат, вреди да се провери состојбата кај лекар.
Тешкотии со дишењето и проблеми со голтањето
Еден од првите знаци на рак на белите дробови, на кој пациентите се потсетуваат подоцна, е губење на здивот.
Ракот на тироидната жлезда, исто така, може да предизвика проблеми со дишењето ако грутката или туморот притисне на душникот. Било какви проблеми со дишењето кои продолжуваат се причина за посета на лекар.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.