РАМЗАН КАДИРОВ ИМА ПРОБЛЕМИ СО БУБРЕЗИТЕ? Дали се подготвува негова смена

Шпекулациите дополнително се засилија поради неговите ретки јавни појавувања во последниот период, како и видеоснимки на кои чеченскиот лидер изгледа видно ослабен.

0

Повторно кружат извештаи за сериозно нарушено здравје на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, во чувствителен политички момент за Кремљ и за стабилноста во Чеченија, објави бриселски „Политико“.

Според тврдењата на украинските разузнавачки служби, Кадиров наводно боледува од тешко откажување на бубрезите и бил подложен на медицински третмани што укажуваат на сериозна здравствена состојба. Овие информации, засега, не се потврдени од независни медицински извори, ниту од официјални институции во Москва или Грозни.






Шпекулациите дополнително се засилија поради неговите ретки јавни појавувања во последниот период, како и видеоснимки на кои чеченскиот лидер изгледа видно ослабено. Дел од аналитичарите укажуваат дека ваквите појави се користат за поткрепување на тезата за влошено здравје.

Во исто време, во јавноста се појавија информации за можни подготовки за наследување на власта во Чеченија, вклучително и зајакнување на позициите на лица од најблиското опкружување на Кадиров. Според странски медиуми, ваквите чекори би можеле да укажуваат на сценарио за контролиран политички преод, доколку неговата здравствена состојба навистина се покаже како сериозна.

Од друга страна, Кадиров и неговиот кабинет ги отфрлаат ваквите тврдења, оценувајќи ги како дезинформации. Тој објави видео на „Х“ во кое вели дека е жив и здрав и нема болки, но јавноста коментира дека не изгледа сосем здраво.

И претходно, во изминатите години, неколкупати Кадиров беше „прогласуван“ за тешко болен, по што повторно се појавуваше во јавноста и ги негираше наводите.

Поврзани содржини