РАМЗАН КАДИРОВ Е ТЕШКО БОЛЕН? Нефролог од ОАЕ тајно го лекува чеченскиот лидер
Познатиот нефролог Јасин Ибрахим Ел Шахат од Обединетите Арапски Емирати, наводно веќе пристигнал во Грозни и започнал да го лекува Кадиров.
Познатиот казахстански новинар Азмат Матијанов објави дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров наводно има сериозни проблеми со бубрезите.
Пред неколку дена се појави информација дека лидерот на Чеченија е во многу лоша здравствена состојба и дека има големи здравствени проблеми, најверојатно проблеми со бубрезите, а потоа оваа информација ја пренесе и Матијанов.
Познатиот нефролог Јасин Ибрахим Ел Шахат од Обединетите Арапски Емирати, наводно веќе пристигнал во Грозни и започнал тајно да го лекува Кадиров.
Можно е Кадиров токму поради болеста да го пропуштил годишното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во Федералното собрание на 21 февруари 2023 година.