РАМПАТА САМА ЌЕ СЕ ОТВОРА ЗА КАМИОНИТЕ, ЌЕ ГИ ПРЕПОЗНАВА ТАБЛИЧКИТЕ Се работи на нов систем со Србија и Албанија, обезбедени пари

Тоа значи дека теоретски ако одредена роба се истовари во Драч и се носи за Белград нема да има застанување кога истото ќе го воведат и Албанија и Србија. А, во моментот кога ние ќе го воведеме, отпрлика е рок од година дена, на наша страна нема да има застанување, што многу ќе помогне и во намалување на потенцијална корупција на царината, затоа што со самото тоа што целосно ќе биде дигитализирано и веќе оние што работат на граничните премини ќе немаат никаква улога во делот на контрола на камионите, изјави вицепремиерот и министер за транспорт за царинскиот систем „new single window“.

0

На седница на Влада во вторникот се определени дополнителни средства од 1.450.000 евра, што ќе се додадат на веќе определените 3,8 милиони евра од Светската банка за новиот царински систем „new single window system“ што веќе во прва фаза со Македонија го воведуваат и Албанија и Србија, а во втора фаза треба да го воведат и Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираше потпретседателот на Владата и министер за транспорт Алексаднар Николоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

Идејата, како што посочи Николоски, е кога ќе се тргне во карго сообраќај, камионите доколку ги имаат претходно електронски пополнето сите документи и сè е уредно, кога ќе дојдат на граница електронски да се препознаваат регистарските таблички и рампата за нив се отвора без воопшто да застанат на граница.






– Тоа значи дека теоретски ако одредена роба се истовари во Драч и се носи за Белград нема да има застанување кога истото ќе го воведат и Албанија и Србија. А, во моментот кога ние ќе го воведеме, отпрлика е рок од година дена, на наша страна нема да има застанување, што многу ќе помогне и во намалување на потенцијална корупција на царината, затоа што со самото тоа што целосно ќе биде дигитализирано и веќе оние што работат на граничните премини ќе немаат никаква улога во делот на контрола на камионите. Секако оние што ги немаат сите документи и не ги исполнуваат условите ќе треба да бидат проверени – изјави Николоски.

Идејата, како што појасни Николоски, е да се интегрираат десет различни институции од Агенција за храна, фитосанитарни инспекции, УЈП и т.н. кои, како што рече, ќе треба зеднички да работат и да има интероперабилност со што ќе се овозможи брз проток на македонските граници и намалување на можностите за потенцијална корупција.

Николоски, исто така, информираше дека веќе постигнале договор со Грција да обезбедат грант и се во доста напредна фаза за проширување на досегашните шест ленти на ГП „Богородица“ на 11 ленти, така што би имало далеку побрз проток на границата од тоа што е сега и очекувам на пролет негде да почне да се работи.

Со Србија веќе имаме „one stop shop“, посочи Николоски, нагласувајќи дека во тек е целосна реконструкција на два гранични премини на Коридорот 8, ГП „Ќафасан“ е веќе целосно завршен, а ГП „Деве Баир“ е во напредна фаза, и веќе се работи на втора фаза каде треба да бидат интегрирани сите институции присутни на границата.

Поврзани содржини