РАМПА НА ПАТОТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО Асфалтирањето ќе трае цела недела

497

Авто-Мото Сојуз известува дека делницата Велес-Градско ќе биде затворена поради асфалтирање во текот на следната недела, односно од понеделник до петок во периодот од 8 до 18 часот.

„Во однос на објектот ‘Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско’, ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 година, делницата Велес – Градско (во населеното место Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 до 18:00 часот“, се вели во соопштението на АМСМ.

Поврзани содржини