РАМО ДО РАМО СО ЛЕВАНДОВСКИ Енис Барди доби место во идеалниот тим на квалификациите за Светското првенство
За најдобар голман е избран Бухел од Лихтенштајн, во одбрамата се Мегваер и Ван Дајк, на бековските позиции се Кансело и Мае, во средниот ред се Барди и Тадиќ, на крилните позиции се Берхаус и Депај, а во нападот се Кејн и Левандовски.
Еден од најдобрите македонски фудбалски репрезентативци, Енис Барди, се најде во идеалниот тим за квалификациите за Светското првенство во Катар идната година.
Неговото име е испишано веднаш до Левандовски, Ван Дајк, Депај, Тадиќ…
За најдобар голман е избран Бухел од Лихтенштајн, во одбрамата се Мегваер и Ван Дајк, на бековските позиции се Кансело и Мае, во средниот ред се Барди и Тадиќ, на крилните позиции се Берхаус и Депај, а во нападот се Кејн и Левандовски.
Барди има оценка 7.82 и ее дел од формацијата 4-4-2.
Македонските фудбалери испишаа историја со пласманот во баражот за Светското првенство, а за неколку дена ќе ги дознаеме последните пречки преку кои ќе треба да стигнеме до мундијалот.