РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ДОНЕСЕ МИР, НО НЕ ГО ПРЕДВИДЕ КРИМИНАЛОТ НА ДУИ Лефков вели дека Груби организира приватна забава

Македонија има Рамковен договор ама нема европска иднина. Има рамковен договор ама Тетово нема вода за пиење, Арачиново канализација. Македонија има рамковен договор ама младите Албанци и Македонци се иселуваат. Тоа е поразот на оваа власт. Ако тргнеме од ова нема простор за славје туку за одговорност, порача Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

249

Рамковниот договор овозможи мир, но она што не можеше да го предвиди Рамковниот договор е криминалот на ДУИ кој се случи потоа. 20 години една иста политичка елита го краде сопствениот народ. Денес гледаме дека Албанците подеднакво живеат несреќно како и Македонците, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Македонија има Рамковен договор ама нема европска иднина. Има рамковен договор ама Тетово нема вода за пиење, Арачиново канализација. Македонија има рамковен договор ама младите Албанци и Македонци се иселуваат. Тоа е поразот на оваа власт. Ако тргнеме од ова нема простор за славје туку за одговорност – истакна тој.






Кога станува збор за прославата која ќе чини стотици илјади евра, Лефков посочи дека прославата која е приватна на ДУИ не ја чувствува како своја ниту Албанците ниту Македонците.

– Тоа е прослава на ДУИ во пресрет на изборите во Тетово. И никако приватните журки на Груби нема да донесат подобар живот. Оваа прослава каде што ќе бидат потрошени стотици илјади евра ќе ја организира фирма која е милионски донатор на ДУИ изминативе години, фирма се занимава се од печатење на свидетелства кои воедно се уште ги нема, печатење на книги, се до гледаме до организатор на партиски забави како оваа. Партиските забави на ДУИ и Груби нема да придонесат за подобар живот – нагласи Лефков.

Тој се осврна и на односите со Бугарија, како и на изјавите дадени од тамошните политичари.

–  Т.н. Француски предлог што Ковачевски сакаше да го прикаже како големо достигнување на дипломатија всушност е голем дебакл за Македонија, а последна потврда за тоа е изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која изјави дека Францускиот предлог е голем дипломатски успех за Бугарија и дека преку преговарачката рамка за Македонија се внесени бугарските позиции за што им се заблагодари на европските лидери за разбирањето. Со други зборови Јотова потврди дека дипломатијата предводена од Османи го преспала периодот, дозволила Бугарија да ги наметне своите ставови и да однесе целосна меѓународна победа. Затоа фаците на Ковачевски и на неговата екипа се скиселени, а во Бугарија ликуваат. Уште еден удар, односно демант на лагите на Ковачевски и неговата влада доаѓа од бугарскиот политичар Илхан Ќучук. Додека нашава влада лаже дека сме отпочнале преговори, Ќучук им порачува дека преговорите нема да почнат се дури не е исполнет еден услов, клучен за Бугарија, а тоа е внесување на Бугарите во македонскиот устав – додаде Лефков.

Поврзани содржини