РАМЕН СТОМАК ВО СЕДМИ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА Оваа мајка ја обвинуваат дека е анорексична
Таа е бремена веќе седум месеци, но малкумина ѝ веруваат бидејќи нејзиниот стомак е речиси невидлив.
Бременоста е различна за секого, а кога се работи за труднички стомаци, тие исто така многу варираат од трудница до трудница. Има толку големини и форми на стомаци колку што има трудници. Сепак, постојат и трудници чии стомаци едвај се гледаат, па сосема непознати луѓе се загрижени за нивното здравје.
За една мајка, нејзиното трудничко патување е малку покомплицирано. Имено, Керолајн решила на ТикТок да го покаже трудничкиот стомак кој е навистина мал, а до породувањето ѝ остануваат уште 10 недели. Како што вели, поради големината на стомакот се соочува со многу непријатни прашања, иако сѐ е во ред со нејзината бременост.
Побарајте го видеото на порталот „Мајка и дете“.