РАМА ЗАСТАНА НА СТРАНАТА НА СРБИЈА Тој побара разбирање за ставот на Белград

Мора да сфатите дека Србија е во многу поразлична позиција од другите поради својата историја, поради своите посебни врски со Русија, кажа Рама за бриселски Политико.

742

Премиерот на Албанија Еди Рама предупреди дека преголемиот притисок на Западот врз Србија да ѝ воведе санкции на Русија би можел да биде штетен за целиот регион и побара разбирање за ставот на Белград во врска со тоа.

– Мора да сфатите дека Србија е во многу поразлична позиција од другите поради својата историја, поради своите посебни врски со Русија – кажа Рама за бриселски Политико.






Албанскиот премиер изрази уверување дека Србија со време би требало да ѝ воведе санкции на Русија, но предупреди дека не треба да се врши притисок врз Белград, кој во голема мера енергетски зависи од Москва, да го направи тоа прерано.

– Да се бара од нив да го направат тоа веднаш, и тоа во полн обем, е практично невозможно… Тоа би било самоубиство за нивната економија – кажа тој.

Рама предупреди дека преголемиот притисок на Западот на Србија би можел да биде штетен за стабилноста на регионот Западен Балкан.

– Мораме понекогаш да ги сфатиме другите и да разбереме што се случува, инаку нема да можеме да ја задржиме оваа заедница обединета за повисоки и подобри цели – вели премиерот на Албанија.

Додаде дека мисли дека Србија е на добар пат.

– Нормално, не со брзината со која би сакале. Но верувајте ми, другите сценарија се навистина лоши за сите, а особено за овој регион – додаде Рама.

Поврзани содржини