Рама за проширувањето на ЕУ: Ова е тажно!
Некогаш ни велеа дека овој процес, процесот на интеграција, на пример, ќе го потисне балканскиот национализам насилно. Но, погодете што? Денес сме заложници на европскиот национализам. И ова е тажно. Многу е тажно - рече Рама.
Албанскиот премиер Еди Рама смета дека заживувањето на национализмот во Европа ги попречува плановите за проширување на ЕУ
– Работите се променија во погрешна насока за сите нас – рече Рама на конференцијата во Атина организирана од грчката влада и британското списание „Економист“, пренесува агенцијата „АП“.
– Некогаш ни велеа дека овој процес, процесот на интеграција, на пример, ќе го потисне балканскиот национализам насилно. Но, погодете што? Денес сме заложници на европскиот национализам. И ова е тажно. Многу е тажно – рече Рама.