Рама отишол по вакцини против ковид-19 во САД, се подновил и со патики ФОТО
Бериша на својот Твитер објави фотографија на која се гледа Рама во црн капут и шарена маска како пробува патики во трговски центар.
Поранешниот албански премиер Сали Бериша објави фотографија од премиерот Еди Рама како во продавница во Њујорк купува патики.
Фотографијата ја објави со порака дека „Рама во Њујорк е пет дена поради вашите вакцини, но и за шопинг за себе“.
Рама пред неколку дена отпатувал во САД за да разговара со произведувачите на вакцини за да купи за Албанија, пренесува албанскиот портал Панорама.
Бериша на својот Твитер објави фотографија на која се гледа Рама во црн капут и шарена маска како пробува патики во трговски центар.
Рама минатата недела објави пост во кој јавноста ја информира дека ќе патува во САД за да обезбеди вакцини против ковид-19.
– Обезбедувањето на вакцини во што пократок рок е приоритет во нашата борба против невидливиот непријател и нема да оставиме камен на камен за вакцината што поскоро да пристигне во Албанија. За таа цел служи контактот лице влице со произведувачите на вакцини. На пат за САД – напиша Рама.