РАМА ОПКРУЖЕН СО ЖЕНИ Дури 12 министерки во неговиот кабинет

Ова е трета по ред влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборите на 25 април годинава.

346

Лидерот на албанските социјалисти и актуелен премиер, Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание на партијата го соопшти составот на новиот владин кабинет.

Нема некои поголеми изненадувања околу имињата на членовите на владата „ Рама 3“, но она што посебно паѓа в очи е застапеноста на министерки. Од 16 министерски места во дури 12 ќе седнат жени.






Рама одлучи негова десна рака, заменик премиер, да биде Арбен Ахметај, кој доаѓа на местото на Ерион Браче, кој го објави своето заминување пред неколку дена преку социјалните мрежи.

Ново-стари министери се Олта Џачка за Европа и надворешни работи, Огерта Манастирлиу за здравство, Белинда Балуку за инфраструктура, Нико Пелеши за одбрана, Бледи Чучи, за внатрешни работи Елва Маргарити, за култура и Евис Куши за образование.

Нов министер за правда ќе биде Улси Мања, секторот финансии го презема Делинда Ибрахими, за земјоделство Фрида Крифца и Мирела Кумбаро за туризам.

Владата ќе има четири државни министерки Елса Спиропали за односи со Парламентот, Едона Билали, за заштита на претпремачите, Бора Музаќи за млади и деца и Милва Економи, за стандарди и услуги.

Ова е трета по ред влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборите на 25 април годинава.

Според најавите, за неа ќе се гласа на 10 септември, кога е закажана конститивната седница на новиот законодавен дом.

Поврзани содржини