Рама објасни зошто треба да го добие третиот мандат
Рама вели дека битките за земјата не можат да се остават на среде пат, бидејќи според него никој друг освен Социјалистичката партија (СП) нема ниту четвртина од моќта на амбицијата да ја предводи земјата.
Албанскиот премиер Еди Рама, вечерва ги посочи причините зошто тој и неговата Социјалистика партија треба да го добијат третиот мандат на изборите на 25 април, нагласувајќи дека има голем долг и кон своето семејство, а особено кон неговиот помал син Захо.
Рама вели дека битките за земјата не можат да се остават на среде пат, бидејќи според него никој друг освен Социјалистичката партија (СП) нема ниту четвртина од моќта на амбицијата да ја предводи земјата.
– Треба да се заврши закрепнувањето од катастрофалниот земјотрес и сите да влезат во своите домови, да се вакцинираат сите граѓани, да се завршат здравствените реформи, да се исчисти имиџот на белите мантили од корумпираните, да се зајакне прогресивноста на оданочувањето во полза на оние со помала добивка, натамошно зголемување на минималната плата и платите како целина, развој на пристанишната и аеродромската инфраструктура – напиша Рама на социјалните мрежи
Ветува дека за време на третиот мандат, СП ќе ја одведе Албанија на друго ниво.
Рама на објавата постира семејна фотографија, на која се неговата сопруга Линда, нивниот седумгодишен син Захо, Грегоди (32), синот на Еди и Реа (31), ќерката на Линда од нивните први бракови.
Инаку, нешто повеќе од два месеца остануват до парламенртарните избори на 25 април а веќе битката меѓу политичките партии станува се пожестока.
Владеачките социјалсти социјалисти ја подготвија владината програма за следните четири години.
Во однос на обновувањето на оштетените и урнатите домови од земјотресот, социјалистите имаат за цел да завршат над 4.000 домови до 2021 година, да ги зголемат платите, инвестициите во здравството, вработеноста, три пати поголем извоз на земјоделски прозводи што во 2020 година изнесуваше 320 милиони евра на една милијарда евра во 2024 година, како и посебна развојна програма во областа на туризамот.