📽️ РАМА КЛЕКНА И Ѝ ПЕЕШЕ „ТАНТИ АГУРИ“ НА МЕЛОНИ Албанскиот премиер го украде шоуто со изненадување за Џорџа

Премиерот на Албанија на колешката од Италија ѝ подари шал за нејзиниот 48-ми роденден.

3,689

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го изненади италијанската премиерка Џорџа Мелони со посебен подарок и песна во чест на нејзиниот 48-ми роденден.

Настанот се случи на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби, каде двајцата лидери присуствуваа.






Рама, познат по својата харизматичност, клекна за да ѝ го подари шaлот, дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија. Во исто време, тој ѝ ја отпеа популарната италијанска роденденска песна „Танти Аугури“ (Среќен роденден).

– Ова е дело на еден италијански дизајнер кој сега создава во Албанија – ѝ објасни Рама додека го даваше подарокот.

И покрај нивните различни политички убедувања, Рама и Мелони се познати по нивната позитивна и професионална соработка, што честопати се забележува во нивните меѓународни средби. Настанот привлече внимание од медиумите низ регионот, кои го истакнаа блискиот однос помеѓу двајцата премиери.

 

Поврзани содржини