Рама го спореди патот кон ЕУ со дело на Самуел Бекет: Јас не сум фрустриран, ниту депресивен, јас сум одлично

Говорејќи за Берлинскиот процес, што подразбира соработка во регионот, Рама иницијаторот на тој процес, германската канцеларка Ангела Меркел, ја нарече „папата на Европската унија“, а учесниците „верници кои веруваат во религијата на ЕУ“.

1,005

Денес албанскиот премиер Еди Рама го спореди патот кон ЕУ со дело на Самуел Бекет, во која ликовите се согласуваат да одат некаде, но после тоа не се движат.

– Тоа го одразува она што се случува тука. Повеќе немам чувство и сум многу сериозен. Повеќе не чекам да се случи, ниту пак го чувствувам она што го чувствував порано, чекајќи да се случи – рече Рама на форумот во Преспа во Охрид.






Тој додаде дека е потребно земјите од регионот да продолжат да се движат, бидејќи, како што вели, тоа е единствениот начин, наведувајќи дека земјите од регионот треба да се градат и да функционираат како и секоја земја-членка.

– Дали ќе бидеме или не дел од Европската унија не зависи од нас. Тоа не е под наша контрола, ние не одлучуваме. Можеме да направиме многу работи додека е во тек вториот чин на Самуел Бекет. Можеме да соработуваме во регионот, заедно да жалиме и да ги подобриме работите, да ја подобриме нашата економија – рече Рама.

Како што наведе, заедничката акција на лидерите од регионот може да го олесни животот на сите граѓани кои живеат во него.

– Зошто да чекаме да станеме земја-членка со цел да тргуваме во регионот без пречки и чекање. Сè е во наши раце – рече Рама, додавајќи дека ќе ги отвори границите на Албанија за останатите да дојдат побрзо и без ограничувања.

Рама изјави дека има конфликти во регионот што треба да се решат, како што е конфликтот меѓу Србија и Косово, но таквите конфликти не треба да ги одржуваат другите неразвиени, додаде тој.

– Можеме да се согласиме или не околку тоа прашање, но додека се обидуваме да го решиме, можеме да сториме нешто заедно. Можеби тој проблем ќе биде помалку тежок за решавање – рече Рама.

Говорејќи за Берлинскиот процес, што подразбира соработка во регионот, Рама иницијаторот на тој процес, германската канцеларка Ангела Меркел, ја нарече „папата на Европската унија“, а учесниците „верници кои веруваат во религијата на ЕУ“.

– Ние, како големи верници во ЕУ, дојдовме кај „папата“ и се најдовме на иста маса, не за да го оспориме минатото, туку да видиме како можеме да изградиме заедничка иднина – рече Рама.

Тој заклучи дека не е ниту фрустриран ниту депресивен и дека нема потреба земјите од регионот да се жалат, да молат, туку дека треба да се развиваат и растат.

– Тие нè гледаат како да им велиме, вие сте одлични … Навистина нема повеќе потреба од тоа. Нема да недостига ниту таа прва меѓувладина конференција. Има толку многу најавени. Немојте да мислите дека сме депресивни. Ние сме супер – рече Рама.

Поврзани содржини