РАМА ГО ПОСЕТИ ТАЧИ ВО ХАГ Албанскиот премиер се виде со осомничениот за воени злосторства

Рама објави видео на Фејсбук каде се гледа како влегува во објектот каде е сместен Тачи во Хаг, осомничен за воени злосторства од страна на Специјалното обвинителство.

247

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го посети поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој веќе подолго време се наоѓа во притвор во Хаг.

Рама објави видео на Фејсбук каде се гледа како влегува во објектот каде е сместен Тачи во Хаг, осомничен за воени злосторства од страна на Специјалното обвинителство.






„ Хаг- во посета на претседателот Тачи“, пишува Рама.

Денеска Хашим Тачи, според албанските медиуми се изјаснил невин за повеќе нови обвиненија.

Поврзани содржини