📽️ РАМА ГО ПОДБРА ТРАМП ЗА ГАФ, МАКРОН СЕ ИЗНАСМЕА Кој не ја знае разликата меѓу Албанија и Ерменија?

Шефот на САД во август во интервју за „Фокс њуз“ се фалеше дека сопрел 7 потенцијални војни во светот и притоа направи гаф, зборувајќи за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно-Карабах кој заврши со потпишување мир во Белата куќа.

773

Некогаш вистината доаѓа во облик на шега, особено кога доаѓа од устата на Еди Рама. Албанскиот премиер со насмевка и препознатлива доза иронија на самитот во Копенхаген ги потсети претседателите на Азербејџан и на Франција на моментот кога Трамп ги помешал Еренија и Албанија:

– Мора да ни се извините што не ни честитавте за мировниот договор што Трамп го објави меѓу Албанија и Азербејџан.






Откако ја слушна оваа „забелешка“, Макрон се насмеа и се извини, а Еди Рама му рече „во ред е“, а и целата толпа се смееше.

Трамп во август во интервју за „Фокс њуз“ се фалеше дека сопрел 7 потенцијални војни во светот и притоа направи гаф, зборувајќи за конфликтот меѓу меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно-Карабах кој заврши со потпишување мир во Белата куќа.

 

 

Поврзани содржини