РАМА ГИ ПОВИКА АЛБАНЦИТЕ ОД „СЕКОЈ АГОЛ НА АЛБАНСКИТЕ ЗЕМЈИ“ НА ПРОТЕСТ ЗА ОВК ВО ТИРАНА „Едногласно да побараме правда за ослободителите“

Од Косово, Северна Македонија, Албанија, дијаспората и од секој агол од албанските земји - илјадници срца ќе се обединат овој петок, 17 октомври, во 17 часот, за едногласно да побараат правда за ослободителите, напиша премиерот на Албанија, Еди Рама на Фејсбук.

4,426

Во Тирана на 17 октомври ќе се одржи протест под мотото „Слободата има име“ во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) на кои им се суди во Хашкиот трибунал за воени злосторства.

Премиерот на Албанија Еди Рама го најави протестот на својот профил на Фејсбук и ги повика сите Албанци од целиот свет да се приклучат.






„Со задоволство и чест ги убедувам организаторите да ја објават оваа покана – повик: СЛОБОДАТА ИМА ИМЕ. Од Косово, Северна Македонија, Албанија, дијаспората и од секој агол од албанските земји – илјадници срца ќе се обединат овој петок, 17 октомври, во 17 часот, за едногласно да побараат правда за ослободителите“, напиша Рама на Фејсбук.

Тој и објави фотографија на која пишува „Јас сум УЧК – сенационален протест во Тирана“.

Претходно, протест беше организиран во Хаг, за што организаторите немаа дозвола и се обидоа насилно да влезат во Судот, но беа спречени од полицијата. Протест беше организиран и во Приштина.

Во Хаг му се суди на Хашим Тачи и на уште тројца поранешни припадници на ОВК. Тачи е поранешен претседател на Косово, поранешен премиер на Косово и поранешен лидер на ОВК.

 

Поврзани содржини