РАМА ГИ ПОСОВЕТУВА КОСОВСКИТЕ ВЛАСТИ Ако побара САД за своја и за чест на Косово мора да ги примите Авганистанците
Рама на својот фејсбук профил во подолг пост за случувањата во Авганистан пишува дека и на самитот на НАТО изразил загриженост во врска со животите на авганистанските соработници на Алијансата по нејзиното повлекување од Авганистан.
Косово би требало позитивно да одговори на сместување на Авганистанците кои бегаат од својата држава, ако тоа го побараат Соединетите Американски Држави смета премиерот на Албанија Еди Рама.
Рама на својот фејсбук профил во подолг пост за случувањата во Авганистан пишува дека и на самитот на НАТО изразил загриженост во врска со животите на авганистанските соработници на Алијансата по нејзиното повлекување од Авганистан.
„На самитот реков дека по повлекувањето на своите војски, заедницата на демократската цивилизација на НАТО не може да ја остави на милост и немилост триумфалните варвари, луѓе изложени како блиски поддржувачи на мировните мисии таму. И подвлеков со полна уста дека Албанија е подготвена да го преземе својот дел од товарот, што сите земји на НАТО мора да го поделат меѓу себе“, пишува Рама.
Тој ги коментира информациите на социјалните мрежи дека САД побарале Косово да прими Авганистанци.
„Не знам дали Американците побарале од Косово да ги засолни Авганистанците кои биле изложени како пријатели и поддржувачи на сојузничките војски. Би сакал, ако побарале, владата на Косово да одговори позитивно, за својата чест и Косово, нормално“, напиша Рама на Фејсбук.
Претставници на администрацијата на САД преговара во Приштина, Косово да прими бегалци од Авганистан кои соработувале со американската мисија во Кабул, додека не им се одобрат визи за престој во САД.
Ројтер наведува дека ова го потврдил и шефот на кабинетот на премиерот во Косово Љуан Далипи. Тој рекол дека владата од средината на јули е во контакт со американските претставници за прашањето за бегалците од Авганистан.