Рама ја прими втората доза од вакцината на „Фајзер“

Албанија има договор за набавка на 500 илјади дози вакцина од „Фајзер“, а како што најави, преговараат и со други компании за дополнителни количества.

174

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја прими втората доза од вакцината на „Фајзер” против ковид -19 .

Тоа е една од 1.170  дози вакцини што доцна синоќа пристигнаа во Тирана од споменатата компанија.






Рама најави дека, врз основа на договорот со „Фајзер“, следната недела во земјата ќе пристигнат уште 10 илјади дози, а до крајот на месецот уште 30 илјади.

Тој прв ја прими втората доза, а веднаш по него и Најада Чомо, началник на Инфективната клиника, која, пак, прва ја прими првата доза.

Инаку Албанија има договор за набавка на 500 илјади дози вакцина од „Фајзер“, а како што најави, преговараат и со други компании за дополнителни количества.

Поврзани содржини