Ракун нападна новинар на Си-Ен-Ен пред Белата куќа, го влечел за нога пред камерата (ВИДЕО)

Вие што би направиле? Јас полудев. Тоа се случи 20 секунди пред да започне преносот. Почнав да му викам да се тргне - раскажал новинарот.

639

Додека ги правел своите последни подготовки за да известува пред Белата куќа, новинарот на Си-Ен-Ен, Џо Џонс, доживеал нешто необично. На само 20 секунди пре да се вклучи во живо, тој почувствувал како нешто го влече за ногата, а окога погледнал надолу забележал дека станува збор за ракун.

Џо прво викнал по него, а потоа фрлил нешто за да го исплаши животното. Кога преносот се вклучил, почнал да известува како ништо да не се случило.

Си-Ен-Ен наведува дека дури двапати во две недели Џо имал проблем со ракун.

– Вие што би направиле? Јас полудев. Тоа се случи 20 секунди пред да започне преносот. Почнав да му викам да се тргне – раскажал Џо.

Поврзани содржини