Нѐ сите професори од Институтот за педагогија имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата за основно образование, како што е пренесено, реагираат професорките Јасмина Делчева-Диздаревиќ и Лена Дамовска, на информацијата дека членовите на Институтот за педагогија со мнозинство гласови донеле заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за осново образование.
– Ве извесувам дека како раководител на Институтот за педагогија, заедно со мојата колешка проф. д-р Лена Дамовска сме дел од работната група за изработка на предлог концепцијата зад која во целост стоиме и дека нѐ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата – вели раководителката на Институтот за педагогија проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ.