Раководители на пристаништето во Бејрут се во куќен притвор
Додека трае потрагата низ урнатините на пристаништетто во Бејрут за да се најдат докази за тоа што ја причинило страотната експлозија што го стресе вчера либанскиот главен град, по итната седница, Владата нареди куќен притвор за неодреден број раководители на пристаништето.
Јавниот обвинител нареди безбедносните служби да почнат итна истрага и да ги соберат извештаите и писмата во врска со материјалите складирани на пристаништето, како и да направат листа на луѓе кои биле одговорни за одржување, складирање и заштита на хангарот каде имало 2.750 тони алуминиум, кој се користи за ѓубриво и бомби и шест години бил складиран на пристаништето без мерки за безбедност.