„РАКОТ Е ПАТУВАЊЕ ВО КОЕ ПАТУВАШ САМ“ Весна Бејби ги загрижи фановите со објава на Инстаграм

Актерката доби бројни реакции како поддршка под објавата придружена со еден збор „Почеток“.

6,127

Актерката Весна Петрушевска ги загрижи своите следебници со емотивна објава на својот профил на Инстаграм на која пишува за ракот.

Таа доби бројни реакции како поддршка под објавата придружена со еден збор „Почеток“.






„Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лекот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како што се раѓаме и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“, напиша Весна иако е нејасно на кого се однесуваат овие реченици.

 

Поврзани содржини