Ракометниот клуб „Голден арт КЛ7“ во изолација, 16 лица од тимот се позитивни
Ракометниот клуб „Голден арт КЛ7“ информира дека по натпреварот од второто коло на македонската Суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчи се појавиле симптоми карактеристични за коронавирусот (покачена температура, губење на вкус и мирис).
„Поради тоа клубот како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш изврши тестирање за ковид-19 во Клиниката Жан Митрев на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по што се откриени 16 позитивни резултати. Според прописите за третман на лица кои се ковид-19 позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 дена“, соопштија од клубот „Голден арт КЛ7“.
Од истиот клуб пред стартот на подготовките за натпреварувачката сезона, беа откриени два случаи позитивни на вирусот кои беа изолирани и излечени.
„Голден арт КЛ7“ апелира сите клубови и целокупната јавност да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.