РАКОМЕТАРИТЕ СЕ НЕГАТИВНИ ПРЕД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО Целата селекција тестирана во пресрет на шампионатот
Комплетната репрезентација денеска направи задолжително тестирање на коронавирус, и сите резултати, на ракометарите и на стручниот штаб се негативни.
Добри вести пристигнаа од таборот на македонската ракометна репрезентација, каде во пресрет на Европското првенство, ниту еден ракометар или член на стучниот штаб не е позитивен на коронавирусот.
Комплетната репрезентација денеска направи задолжително тестирање на коронавирус, и сите резултати, на ракометарите и на стручниот штаб се негативни.
Ова е одлична вест и за селекторот Кирил Лазаров бидејќи нема никакви последици за репрезентацијата по последниот контролен натпревар против Израел. Изралеците имаа тројца позитивни на ковид-19, а денеска беше потврдено дека уште пет ракометари се заразени со коронавирус.
Ракометарите подготовките пред заминување за Дебрецин ќе ги одработат во Скопје без да одиграат уште еден контролен натпревар за да не дојде до несакани проблеми.
Последното тестирање, пред заминувањето за Дебрецин, репрезентацијата ќе го направи в понеделник.
Првиот натпревар на ЕП, Македонија ќе го игра на 13 јануари против Словенија.