РАКОМЕТАРИТЕ ГО СКРОТИЈА ЈАПОНСКОТО ЦУНАМИ Македонија триумфира со 29:27 во првиот тест дуел

Избраниците на Кирил Лазаров триумфираа во првиот контролен натпревар со Јапонија, а вториот дуел ќе се одигра во сабота во Куманово како дел од подготовките за Европското првенство 2026.

357

Македонската ракометна репрезентација ја отвори серијата контролни натпревари со победа над Јапонија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа триумф со резултат 29:27 на дуелот одигран во салата во Автокоманда, кој беше од затворен тип.

Во натпреварот, кој беше искористен за тестирање на формациите и ротации, Лазаров и јапонскиот селектор Тони Херона имаа можност да комбинираат и да ги испробаат сите играчи на кои ќе сметаат во продолжението на подготовките.






Вториот пријателски натпревар Македонија и Јапонија ќе го одиграат во сабота, на 1 ноември, во Куманово, со почеток во 16 часот.

Овие два дуела се дел од подготовките за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Македонскиот национален тим ќе игра во група со Данска, Португалија и Романија, противници кои ќе бидат сериозен тест за нашите ракометари.

Селекторот Лазаров истакна дека е задоволен од пристапот и ангажманот на ракометарите и најави дека вториот натпревар ќе биде искористен за дополнително усовршување на одбраната и транзицијата.

– Ова беше одличен почеток. Имаме уште многу работа, но целта е да бидеме максимално подготвени за јануари. Играчите покажаа голема волја и борбеност, што е најважно во оваа фаза – рече Лазаров по натпреварот.

Поврзани содржини