РАКОМЕТАРИТЕ ЌЕ ПОДЕЛАТ 50.000 ЕВРА АКО СЕ ПЛАСИРААТ НА ЕВРОПСКО Бонус инспирација за избраниците на Лазаров

Македонија има само два освоени бодови по четири одиграни меча, па мора да слави против Естонија на 8 мај и Литванија на 11 мај, но притоа и да се надева на пораз на Литванците во дуелот од Словенија.

130

Македонската ракометна федерација ја чека тешка борба за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2026 година. Избраниците на селекторот Кире Лазаров во последните две кола од квалификациите ќе се соочат против Естонија и против Литванија.

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука за доделување на парична награда од 1,5 милиони денари за успешен пласман на претстојното ЕП, а исто така дополнителна мотивација следи од Министерството за спорт по одлука на министерот Борко Ристовски, кој вети дополнителна парична награда од 1,5 милиони денари. Тоа значи дека ракометарите со пласман на ЕП 2026 би поделиле вкупно 50.000 евра.






Македонија има само два освоени бодови по четири одиграни меча, па мора да слави против Естонија на 8 мај и Литванија на 11 мај, но притоа и да се надева на пораз на Литванците во дуелот од Словенија.

Натпреварот меѓу Естонија и Македонија во Талин се игра на 8 мај од 18 часот, додека нашите ракометари во истиот термин на 11 мај на домашен терен ја пречекуваат Литванија.

Поврзани содржини