🎥 РАКОМЕТ НА ФУДБАЛСКА АРЕНА Македонија и Франција влегуваат во историјата со првиот натпревар на ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација вечерва (18 ч.) со дуелот против Франција на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф го отвора 16.Европското првенство во Германија.

373

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска (18 часот) со натпреварот против олимпискиот шамопион Франција  ќе го отвори 16.Европско првенство што се одржува во Германија. Македонија заедно со Франција ќе влезе во историјата на ракометот како прва што одиграла натпревар пред повеќе од 50.000 гледачи на отворањето на ЕП 2024 на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф, на фудбалскиот терен кој специјално за ова ЕП е пренаменет во ракометна арена.

Организаторот веќе објави дека сите билети одамна се продадени и дека се очекува на трибините во „Меркур Шпиле Арената“ да има повеќе од 53.000 гледачи на трибините, кои се очекува да бидат пополнети до последно место на вториот натпревар на отворањето помеѓу домаќинот Германија и Швајцарија (20.45 часот).






Денешниот натпревар меѓу Македонија и Франција ќе се одигра одигра на стадионот на копј настапува поранешниот бундеслигаш Фортуна 95, а трансформацијата од фудбалски стадион во ракометна арена може да ја видите во само 15 секунди во видеото што објави Европската ракометна федерација (ЕХФ).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF EURO (@ehfeuro)

За македонската репрезентација која од клупата ја предводи Кирил Лазаров, ова е осми настап на европските првенства или вкупно 13-то големо натпреварување во серија. Македонија во прелиминарната фаза на ЕП 2024 ќе игра во групата А каде за противници ги има селекциите на Франција, домаќинот Германија и Швајцарија. Првиот натпревар против Франција ќе го игра денеска во Дизелдорф, а наредните два, со Германија на 14 јануари и со Швајцарија на 16 јануари ќе ги игра во Берлин.

Континенталниот собир во Германија е првото ЕХФ ЕУРО со 24 екипи чиј домаќин е една земја.

Група А (Дизелдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.

Двете првопласирани од секоја група обезбедуваат пласман во главната фаза на која ќе се состои од две групи со по шест селекции, а првите две селекции од овие групи ќе играат во завршницата на ЕП во Келн.

Поврзани содржини