РАКИЈА ОД ПИВО КАКО НАЈДОБРО ВИСКИ Суровина за ракија може да биде сè што ферментира

Овој технолошки процес е познат со векови, но секогаш сме изненадени кога некаде  ќе најдеме домашна ракија од некое овошје или зеленчук, за кои никогаш не би помислиле дека можат да завршат во казанот! А знаете ли дека се прави и од пиво?

735

Кај нас е најбарана и најпозната гроздовата ракија, но ретки се оние кои нема да пробаат некои поретки и необични ракии.

Од оние што се само оплеменети со некоја лековита тревка, па до оние направени од овошје или зеленчук за кои никогаш не би помислиле дека можат да завршат во казанот за ракија. Практично, суровина за правење ракија може да биде сè што може да предизвика ферментација.






Најчесто оние понеобичните ги прават искусните производители на ракија, но повеќе за своја душа.

Така во последно време на разни настани и фестивали за храна и пијалаци често може да се најдат разни експериментални ракии.

По правило, сопствениците никогаш не очекуваат профит од тоа производство, туку сакаат да ја претстават различноста и својот весел истражувачки дух.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини