РАКЕТНИ ДУЕЛИ НА НЕБОТО НАД РИЈАД Противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи два проектила (ВИДЕО)

1,209

Вечерва над небото над Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се одиграа ракетни дуели, откако јеменските бунтовници Хути, со балистички ракети, го нападнаа градот.

Хутите се блиски до Иран и се смета дека нападот со балистички ракети врз Ријад е нивна одмазда за за нападот на саудиската авијација и НА војската врз градот Сана.






Но, на снимките објавени на социјалните мрежи, се гледа како противвоздушната одбрана на Саудијците успешно пресретнува два балистички проектила.

Пред две години, јеменските бунтовници Хути извршија серија повремени напади со балистички ракети врз саудиски цели и градови. Тие користат ракети од иранско производство и беспилотни летала полни со експлозив.

Поврзани содржини