РАКЕТИТЕ ВО ПОЛСКА СЕ УКРАИНСКИ, ПОЛСКА ПРОВОЦИРА? „Ќе ја браниме секоја педа на НАТО“

Естонија е подготвена да ја брани секоја педа од територијата на НАТО. Целосно сме солидарни со нашиот близок сојузник Полска, потврди Министерството за надворешни работи на Естонија.

2,052

Додека светот чека да се обзнани виновникот за залутаните ракети на полско-украинската граница, веќе се огласија некои од засегантите страни. Руското министерство за одбрана негираше дека руски ракети залутале на полско-украинската граница и вели дека тоа е „провокација на Полска“. Официјален Пентагон за Ројтерс вели дека не може да потврди дали воопшто ракети влегле во Полска, додека полскиот експерт Јарослав Волски објави слика за која тврди дека е една од ракетите. Сликата сугерира дека се работи за моделот С-300 на противвозудшен проектил какви во моментов користат Украинците.






Експертите од многу земји се плашат од понатамошна ескалација. Руското министерство за одбрана за оваа ескалација покажува со прстот кон Полска.

„Изјавите на полските медиуми и официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација. Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Урнатините што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пржеводов нема никаква врска со руското оружје“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Официјален Пентагон уште ја разгледува ситуацијата:

– Свесни сме за извештаите во печатот во кои се наведува дека два руски проектили погодиле локација во Полска во близина на границата со Украина. Можам да ви кажам дека во овој момент немаме никакви информации за да ги потврдиме тие извештаи и дека дополнително го истражуваме тоа – изјавил портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Во меѓувреме, повеќе европските земји ги свикаа своите состаноци за безбедност. Естонија ја поддржа Полска  дека „ќе ја брани секоја педа на НАТО“, Летонија изрази сочуство, а премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната. Но, Моравјецки не ја наведе причината за состанокот.

– Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата – истакна неговиот портпарол Пјотр Мулер.

Естонија е целосно солидарна со Полска.

„Најзагрижувачки се најновите вести од Полска. Тесно се консултираме со Полска и другите сојузници. Естонија е подготвена да ја брани секоја педа од територијата на НАТО. Целосно сме солидарни со нашиот близок сојузник Полска“, потврди Министерството за надворешни работи на Естонија.

Летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс објави на Твитер за рускиот ракетен напад врз Полска, пишувајќи:

„Моето сочувство до нашите полски браќа по оружје. Криминалниот руски режим истрела проектили кои не само што ги таргетираа украинските цивили, туку и паднаа на територијата на НАТО во Полска. Летонија е целосно со полските пријатели и го осудува ова злосторство“, напиша тој.

Итен состанок вечерва одржува и државниот врв на Унгарија. Земјата беше алармирана откако руското гранатирање на Украина привремено го оневозможи дотокот на нафта од Украина.

Поврзани содржини