104 РАКЕТИ СЕ ЛАНСИРАНИ ОД 13 АВИОНИ Црвените аларми пак се огласија во Украина, Русија се одмаздува за ембаргото

Ракетите се лансирани, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат, додека шефот на кабинет на претседателската канцеларија, Андриј Јермак, ги предупредија луѓето да „не го игнорираат знакот за узбуна".

367

Украина денеска ја информира својата јавност дека Русија извршила нови ракетни напади, па сирените се огласија во многу делови од земјата. Узбуна се слушна во Киев и поголемиот дел од Украина. Според објавите на Твитер стотина ракети биле истрелани од 13 авиони.

– Ракетите се лансирани – изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат, додека шефот на кабинет на претседателската канцеларија, Андриј Јермак, ги предупредија луѓето да „не го игнорираат знакот за узбуна”.

 






Засега нема информации за жртви или материјална штета. Во последните недели на удар на руските сили особено беше украинската енергетска инфраструктура, а жителите често остануваа без струја и греење.

Гранатирањето се случува на денот кога во сила влезе европското ембарго за руската нафта, која, според деветтиот пакет санкции ќе биде ограничена на 60 долари за барел. Кремљ ја отфрли оваа одлука велејќи дека таа нема да ги спречи руските операции во Украина.

Поврзани содржини