РАКЕТИТЕ „ПАТРИОТ“ ВЕЌЕ СЕ НА ПАТ ЗА УКРАИНА Трамп објасни како ЕУ купува, а Вашингтон добива

Секогаш си ги добиваме парите назад, целосно. Во некои случаи, земјите-членки на ЕУ директно ни го враќаат износот, изјави американскиот претседател за новиот механизам во кој ЕУ и НАТО купуваат американско оружје.

551

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека проектилите „Патриот“ веќе се на пат за Украина, додека зборуваше пред новинари на воената база Џојнт Бејс Ендрјус во Мериленд.

– Веќе се на пат. Се испорачуваат од Германија, а потоа Германија ги надоместува резервите. Во сите случаи, САД се целосно обесштетени – изјави шефот на САД.






Трамп нагласи дека овие испораки се дел од нов механизам во кој членките на НАТО и ЕУ купуваат американско оружје, го испраќаат во Украина, а потоа надоместуваат залихи со поддршка од САД.

– Секогаш си ги добиваме парите назад, целосно. Во некои случаи, земјите-членки на ЕУ директно ни го враќаат износот – изјави Трамп.

Портпарол на германската влада, соопшти дека европските сојузници разгледуваат испорака на повеќе „Патриот“ системи за Украина.

Изјавата на Трамп за новите ракети за Украина доаѓа како одговор на засилените руски напади врз Украина.

Два дена претходно Трамп ѝ постави рок на Москва од 50 дена за мировен договор. Во спротивно тој се закани со воведување „строги“ царини. Кремљ го оцени ултиматумот на Трамп како „сериозен“ предлог за кој треба време да се анализира.

Трамп исто така рече дека не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин откако на 14 јули САД воведоа нов пакет санкции против Русија.

Поврзани содржини