Ракетите на Безос и на Бренсон загадуваат 100 пати повеќе од авионите
За да се превезат четворица туристи во орбитата, една ракета ќе испушти 50 до 100 пати повеќе јаглерод диоксид отколку за еден патник за кој се испуштаат 3 тони во стратосферата и во мезосферата. А при самото лансирање, ракетите испуштаат и до десет пати повеќе азотни оксиди од најголемата термоцентрала во Велика Британија. Колку сето ова ќе се зголеми кога богатите вселенски туристи ќе летаат на дневна база?
Сто пати повеќе јаглерод диоксид испушта една ракета со четворица туристи во вселената од количеството јаглерод диоксид што го испушта еден обичен авион, пишува IFL Science. Скорешните летови на милијардерите Џеф Безос и неговиот соперник Ричард Бренсон скапо ќе ја чинат атмосферата, но и озонот кој веќе е оштетен од стандардните летови со ракети секоја година.
За да се превезат четворица туристи во орбитата, една ракета ќе испушти 50 до 100 пати повеќе јаглерод диоксид, отколку за еден патник, за кој се испуштаат 3 тони во стратосферата и во мезосферата. И уште една споредба. При самото лансирање, ракетите обично испуштаат и до десет пати повеќе азотни оксиди од најголемата термоцентрала во Велика Британија. Колку сето ова ќе се зголеми кога богатите вселенски туристи ќе летаат на дневна база?
Бренсон рече дека планира 400 лета годишно со неговата „Вирџин галактик“. Тоа е 4 пати повеќе од приближните 100 лета со ракети кои сега се прават годишно. Уште не се знае кои се плановите на Безос со „Блу ориџин“ и на Елон Маск со „Спејс икс“, но се знае дека ракетното гориво опстојува три години во стратосферата и во мезосферата и е директна причина за забрзани климатски промени – и на потополо и на поладно.
Азотните оксиди и водената пареа од една ракета буквално го јадат озонот и дозволуваат забрзано зголемување на температурите и УВ-зрачењето. Но, истовремено ова може да предизвика и несразмерно ладење. Облаците од водната пареа ја рефлектираат сончевата светлина недозволувајќи ѝ да продре на земјата, со што се лади планетата – уште една нуспојава сврзана со климатските промени.
Какви се моторите на „Блу ориџин“ и на „Вирџин галактик“? Пред да летне во вселената, Џеф Безос се пофали дека неговите ракети се „позелени“ од тие на Бренсон, бидејќи користат само течен водород и течен кислород. Од друга страна, „ВСС Јунити“ на Бренсон користи цврсто гориво на база на јаглерод и азотен оксид меѓу другите компоненти. Ништо подобар не е ни „Кру драгон“ на Маск, со која тој ќе направи лет во орбитата годинава, за да не остане покусо, а која ќе користи течен керозин (како кај авионите) и течен кислород.
Научниците уште го немаат компјутерски моделирано целиот и точен ефект што го имаат ракетите на атмосферата и тоа веројатно ќе потрае. Во меѓувреме, останува да видиме како ќе се одвива трката за вселенски туризам и дали во иднина ќе имаме „позелени“ ракети.