РАКЕТИРАН АЕРОДРОМОТ ВО БАГДАД Одговорноста за нападот ја презеде проиранска милитантна група

Една ракета го погодил објектот за воздушна навигација во цивилниот дел на аеродромот, а четири ракети паднале врз Центарот за дипломатска поддршка во Багдад, што го користи Амбасадата на САД во Ирак.

1

Пет ракети денеска го погодија реонот околу меѓународниот аеродром во Багдад. Одговорноста за нападот ја презеде проиранската Ирачка бригада на Хезболах, која објави видео снимка од дрон за нападот, јави Ал Џезира.

Една ракета го погодил објектот за воздушна навигација во цивилниот дел на аеродромот, а четири ракети паднале врз Центарот за дипломатска поддршка во Багдад, што го користи Амбасадата на САД во Ирак.






По нападот американската амбасада им препорача на американските државјани во Ирак да ја напуштат земјата.

Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, во Ирак често мета се објекти поврзани со САД, вклучително и аеродромот во Багдад.

Групата Исламски отпор во Иран, изминатите недели речиси секојдневно објавуваше соопштенија во кои презема одговорност за десетици напади, без да наведе точни локации.

Поврзани содржини