РАКЕТИ СО ДОСТРЕЛ ОД 300 КМ БИ ЈА ЗАГРОЗИЛЕ РУСИЈА Москва реагира на плановите за испорака на системот АТАКМС

Се гранатираат населби во Донбас, се убиваат невини цивили. Погледнете колку кукасти крстови и нацистички симболи има на украинската воена опрема. Ако ова се случува во ДНР и ЛНР, очигледно е дека ако добијат американски ракети со долг дострел, без двоумење ќе ги искористат против нашата држава, изјави Антонов додавајќи дека руските градови и инфраструктура тогаш би биле на мета.

608

Ако САД почнат да го снабдуваат Киев со балистички ракети АТАКМС со дострел до 300 километри, тоа би значело директно мешање во воениот конфликт со Русија, изјави за Спутник, рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.

Како што рече Антонов, доколку Киев добие такво оружје од САД, големите руски градови, како и објектите на руската индустриска и транспортна инфраструктура, ќе бидат во зоната на можно уништување.






– Таквото сценарио би значело директно вклучување на Соединетите Американски Држави во воена конфронтација со Русија – рече рускиот амбасадор.

Тој исто така истакна дека вооружените сили на Украина „постојано ги кршат нормите на хуманитарното право дури и на териториите што Киев ги сметаше за дел од Украина“.

– Се гранатираат населби во Донбас, се убиваат невини цивили. Погледнете колку кукасти крстови и нацистички симболи има на украинската воена опрема. Ако ова се случува во ДНР и ЛНР, очигледно е дека ако добијат американски ракети со долг дострел, без двоумење ќе ги искористат против нашата држава – изјави Антонов.

Како што додаде, Русија верува дека западните „покровители на Киев“ нема да се согласат на мирно решение на украинскиот конфликт и дека ќе продолжат да го поттикнуваат Киев на нови самоубиствени авантури.

Претходно медиумите објавија дека Киев побарал од Вашингтон ракети со долг дострел, вклучувајќи тактички балистички ракети земја-земја (АТАКМС), како и тенкови, беспилотни летала, артилериски системи, противбродски ракети Харпун и 2.000 ракети Химарс.

Поврзани содржини