РАКЕТИ И ДРОНОВИ ВРЗ ИЗРЕАЛ, ПОГОДЕНА ВЛАДИНА ЗГРАДА ВО ТЕХЕРАН Продолжуваат жестоките пресметки
Биле испукани различни видови муниција врз претседателскиот кабинет и Врховниот совет за национална безбедност.
Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека, по 10 часа, повторно е регистрирано ново лансирање на балистички ракети од Иран.
Сирените за воздушна опасност се огласија во централниот дел на Израел, додека во најјужниот израелски град Еилат сирените предупредија на упад на дронови.
ИДФ и итните служби реагираа и на пад на ракета во областа Галилејски прст. Засега нема информации за евентуални жртви.
Израелската армија соопшти дека нејзиното воено воздухопловство го погодило комплексот на иранското државно раководство во Техеран.
Во соопштението објавено на Телеграм од Израелските одбранбени сили (IDF) се наведува дека „биле испукани различни видови муниција“ врз претседателскиот кабинет и Врховниот совет за национална безбедност.
Исто така, погодена била воена образовна институција и „дополнителна клучна инфраструктура на режимот“.