РАКЕТАТА НА ИЛОН МАСК НАПРАВИЛА ДУПКА ВО ЈОНОСФЕРАТА Колку е тоа опасно за Земјата?

Ракетата „Фалкон 9“ беше лансирана од вселенската база Ванденберг на 19 јули, а фотографиите од лансирањето на леталото во орбитата покажуваат црвен сјај за кој научниците веруваат дека е доказ дека се создала дупка во јоносферата.

3,043

Ракетата на компанијата Spacex, во сопственост на милијардерот Илон Маск, направи привремена дупка во јоносферата, дел од атмосферата на Земјата, пишува Њусвик.

Ракетата „Фалкон 9“ беше лансирана од вселенската база Ванденберг на 19 јули, а фотографиите од лансирањето на леталото во орбитата покажуваат црвен сјај за кој научниците веруваат дека е доказ дека се создала дупка во јоносферата.






– Ова е добро познат феномен кога ракетите согоруваат мотори на надморска височина од 200 до 300 километри. Ја прегледав снимката од лансирањето на 19 јули. Се гледа втората етапа во која моторот гори на надморска височина од 286 километри. Многу е можно да имало дупка во јоносферата – изјави за Џеф Баумгарднер, физичар од Универзитетот во Бостон.

Јоносферата е слој од атмосферата во кој количината на јони или наелектризирани честички, создадени главно од дејството на сончевото зрачење врз неутралните атоми и молекулите на воздухот, е доволно голема за да влијае на ширењето на радио брановите. Се наоѓа на надморска височина од приближно 80 до 600 километри.

Брзите ракети и нивните издувни гасови може да ја променат јонизацијата на јоносферата. Овој феномен е забележан и претходно при лансирањето на ракетата „Фалкон 9“, посебно во 2017 година. Арс Техника во 2018 година објави дека и траекторијата на ракетата има влијание на јоносферата како и дека дупката што настанала од движењето на ракетата била широка околу 800 километри.

Научниците истакнуваат дека овие дупки во јоносферата може да имаат влијание на ГПС системите. Иако имаат одредено негативно влијание, сепак, нема трајни последици бидејќи овие дупки во јоносферата исчезнуваат за неколку часа.

Поврзани содржини