РАКЕТА ПАДНА НА ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ, ИМА МНОГУ ЖРТВИ, МЕЃУ КОИ И ДЕЦА Страшни снимки го покажуваат потресниот момент
Израелските медиуми истакнаа дека ракетата која паднала на фудбалскиот терен, на Голанската Висорамнина, ја истрелал Хезболах.
Девет лица загинаа во саботата кога ракета од Либан падна на фудбалско игралиште во село на Голанската Висорамнина контролирана од Израел, објави Израел хејом.
Покрај деветте загинати, многумина се ранети.
Израелските медиуми истакнаа дека ракетата која паднала на теренот ја истрелал Хезболах.
Претходно беше соопштено дека во нападот деветмина се тешко ранети и дека станува збор за деца и млади на возраст од 10 до 20 години.
По нападот, на социјалните мрежи се појавија страшни снимки. Го прикажуваат моментот кога ракетата паднала на теренот. Според информациите, повредени се 30 лица.
Припадник на израелската служба за итни случаи опиша големо уништување и пожар на местото на настанот, фудбалско игралиште во селото Мајдал Шамс.
Израелската армија соопшти дека помага во евакуацијата на повредените.
Израел и Хезболах разменуваат оган речиси секојдневно од почетокот на војната во Газа по ненадејниот напад на палестинскиот Хамас на 7 октомври во јужен Израел.
Од почетокот на октомври, во израелските воздушни напади врз Либан загинаа повеќе од 450 луѓе, главно членови на Хезболах, но и околу 90 цивили. На израелска страна загинаа 21 војник и 13 цивили.
BREAKING: THE ‘ATTACK’ ON ISRAEL WAS AN IRON DOME INTERCEPTOR MISSILE FAILURE
Some within Israeli media are claiming that it was an iron dome interceptor and not even from south Lebanon.
The interceptor was fired to stop Hezbollah’s rockets at northern occupied Golan it failed… pic.twitter.com/NUJg7X6ozP
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) July 27, 2024