Ракавици не мора да се носат, ама рацете да се мијат барем 20 секунди и лицето да не се допира, порача Филипче

Само маската, односно заштитна опрема за лицето и носот останува како неопходна -  рече  Филипче.

926

Доколку внимателно се мијат рацете, барем 20 секунди, но и често, тогаш ракавиците апсолутно не се неопходни да се носат – појасни министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека доколку не внимаваме кога ги носиме ракавиците или со нив манипулираме околу прекривката или маската за устата и носот, тогаш можат да го пренесат вирусот.






– Апсолутно е битно прашањето за ракавиците. Доколку не се манипулира околу устата и носот и со маската, и ако често се мијат рацете во траење од 20-тина секунди, апсолутно ракавици не се неопходни. Бидејќи и ракавиците доколку невнимателно се носат – може да се пренесе вирусот. Само маската, односно заштитна опрема за лицето и носот останува како неопходна –  рече  Филипче.

 

 

Поврзани содржини