РАФИНЕРИЈАТА ВО ПАНЧЕВО ЌЕ ПРОРАБОТИ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА Договорен е увоз на сурова нафта за Нафтената индустрија на Србија

Се очекува првите количини нафта да бидат доставени до рафинеријата во Панчево во текот на следната недела, додека компанијата планира да увезе дополнителни количини сурова нафта.

138

Нафтена индустрија Србија (НИС) склучи договор за увоз на првите количини нафта преку Јадрански нафтовод (ЈАНАФ) за потребите на рафинеријата во Панчево, што ќе овозможи продолжување на производството.

Се очекува првите количини нафта да бидат доставени до рафинеријата во Панчево во текот на следната недела, додека компанијата планира да увезе дополнителни количини сурова нафта.






Лани во декември работата на производствените капацитети во рафинеријата за нафта во Панчево беше прекината, поради недостиг на нафта за преработка, што се случи како резултат на санкциите што ги воведе Министерството за финансии на САД врз компанијата.

Со посебна лиценца издадена од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД,  НИС повторно доби продолжување на лиценцата до  23 јануари оваа година, вклучително и рестартирање на преработката во рафинеријата, увоз на сурова нафта, како и извршување трансакции потребни за безбедност на снабдувањето и техничко одржување.

Поврзани содржини