🎥РАФИНЕРИЈАТА НА „АРАМКО“ ВО РАС ТАНУРА ГО ЗАПРЕ ПРОИЗВОДСТВОТО По напад на ирански дрон, оштетени се неколку нејзини објекти
Поради својата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура би можело да има сериозни последици за глобалниот пазар.
Иран започнал напади врз нафтени постројки во Саудиска Арабија. Беспилотните летала „Шахед“ го нападнале објектот „Арамко“ во Рас Танура, локација за која се вели дека е еден од најголемите нафтени центри во светот.
Недолго потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ престанала да работи, објавува „Скај њуз Арабија“.
The footage 👇 of direct hit pic.twitter.com/iIdbt0VEGX
— Acharya Chanakya (@Darkologyy) March 2, 2026
Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Овој објект вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.
Поради својата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура би можело да има сериозни последици за глобалниот пазар.